Интер се намачи на отварањето на новата сезона и по 10 одиграни натпревари во Серија А е на 7. место на табелата со осум бода заостанување од лидерот Наполи, но добри вести за „нероаѕурите“ е камбекот на Ромелу Лукаку кој денеска тренираше со соиграчите.
Белгиецот кој ова лето се врати назад во Милано е надвор од терените порави повреда од крајот на месец август, но се е подготвено за негов камбек на теренот. Желбата на Интер е тој да се врати веќе на саботниот натпревар против Фиорентина, или пак четири дена подоцна на одлучувачкиот натпревар за место во разигрувањето во Лигата на Шампионите против Плзен.
Враќањето на теренот на Лукаку е воедно и добра вест за белгиската репрезентација за престојното Светско првенство во Катар. Белгиците во групната фаза ќе се сретнат со Хрватска, Kанада и Мароко.
Dai Rom dai, servi come l’aria 🔥🖤💙#Lukaku pic.twitter.com/PfEEw1nSqQ
— 𝗧𝗛𝗘 𝗕𝗢𝗦𝗦🏆🏆 (@theboss_1908) October 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА