Ракометната репрезентација на Исланд денеска против Црна Гора го игра решавачкиот натпревар во главната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Доколку Исланѓаните победат против Црногорците, а Франција вечер загуби од Данска, малата европска земја ќе се пласира во полуфиналето на континенталниот шампионат.
Одлични вести за селекторот Гудмунду Гудмунсон пред последниот меч од групната фаза е тоа што во составот се враќа првата ѕвезда Арон Палмарсон на кого не можеше да смета во претходните мечеви поради позитивен корона тест.
Покрај Палмарсон во тимот за овој меч ќе се вратат и Бјарки Мар Елисон и Елвар Орн Јонсон. Натпреварот е закажан за во 15.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА