Денвер Нагетс наскоро ќе бидат комплетни, потврди тренерот Дејвид Аделман. Пејтон Вотсон треба да се врати на теренот оваа недела, по повеќе од еден месец отсуство поради повреда на тетивата.
Нагетс се мачеа со повреди цела сезона, и конечно го дочекаа оздравувањето на сите играчи во ротацијата, еден месец пред почетокот на плејофот. Сега, кога Вотсон ќе може да се врати на теренот, а заедно со Кем Џонсон, Арон Гордон и Кристијан Браун, минутите сигурно ќе се намалат за некои играчи.
Вотсон го одигра својот последен натпревар на 5 февруари против Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

