Во понеделник во 20:45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31-то коло од Серија А помеѓу Наполи и Милан, а ќе се одлучи кој од овие два клуба ќе остане во трката за Скудетото со Интер.
Пред ова коло, Милан е шест бода зад градскиот ривал, додека актуелниот шампион Наполи е -7 зад водечкиот. Исто така, треба да се напомене дека Интер има тежок дуел со Рома.
Навивачите на Милан добија одлични вести пред натпреварот во Неапол, а во нив се вели дека најдобриот играч на тимот, Рафа Леао, се вратил на тренинзите и би можел да биде подготвен.
Враќањето на Леао, сепак, не му гарантира место во почетниот состав, бидејќи се смета дека тренерот Масимилијано Алегри има дилема помеѓу него и Кристофер Нкунку. Се очекува Леао да стартува од клупата, а потоа ако има потреба да влезе на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

