Еден од најголемите тренери во историјата на кошарката, Грег Попович успешно се опоравува од благиот мозочен удар што го доживеа на почетокот на ноември.
Aмериканските медиуми пренесуваат дека Попович постигнал исто толку напредок во неговото закрепнување за пет месеци колку што другите луѓе постигнале за девет месеци.
На 2 ноември беше објавено дека 76-годишниот Попович „засега“ ќе отсуствува од функцијата тренер Сан Антонио спурс. Подоцна беше објавено дека познатиот стручњак доживеал благ мозочен удар.
Во меѓувреме, Спурс ги предводи помошникот на Попович, Мич Џонсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА