Одличниот Јакимовски со дабл-дабл донесе победа на Наполи

Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар за Наполи откако македонскиот репрезентативец беше меѓу најистакнатите во победата од 99-93 над Реџо Емилија.

Гостите со фуриозната прва четвртина во која поведоа со 23-34, но Јакимовски и соиграчите експресно го вратија мечот под своја контрола, на одмор заминувајќи со „плус еден“. Дуелот беше неизвесен до самиот финиш, кога „наполитанците“ успеаја да се одлепат и со серија слободни фрлања (две од нив погоди токму Македонецот) да стигнат до посакуваниот триумф, за два од два на стартот од новата сезона.

Нашиот репрезентативец беше одличен стигнувајќи до дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови за 28 минути игра, уште еднаш потврдувајќи дека ќе биде важна алка и во новиот клуб откако летово потпиша за Наполи од редовите на Тренто.

Се вчитува...