Сан Антонио славеше против Оклахома со 108-94, додека Денвер загуби од ЛА Лејкерс со 120-116 на два од синоќешните шест натпревари во НБА лигата.
Каваи Ленард беше извонреден во составот на Сан Антонио постигнувајќи 36 поени во триумфот против Оклахома, додека Ник Јанг и Данџело Расел, постигнувајќи вкупно 45 поени, беа најдобри кај Лејкерси во триумфот над Денвер.
Вашингтон предводен од Бредли Бил славеше против Њујорк со 117-101, додека Торонто благодарение на одличнио Кајл Лаури во продолжение победи против Њу Орлеанс со 108-106.
Хјустон лесно излезе на крај со Сакраменто триумфирајќи со 105-83, и покрај слабата партија на Џејмс Харден кој мечот го заврши со 10 поени, 8 асистенции и седум скока, а ниту Портланд не се намачи премногу против Шарлот победувајќи со 115-98.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА