Одличниот Кузмановски повторно во тимот на колото на Бундес-лигата

Филип Кузмановски игра во топ-форма во дресот на Хановер, па македонскиот репрезентативец неслучајно вторпат во три седмици има свое место во идеалниот тим на колото во Бундес-лигата.

Денеска беше објавен дрим-тимот за 29. рунда од германскиот шампионат, каде за најдобар среден бек беше избран токму Кузмановски, за неговото извонредно издание на гостувањето против Мелсунген.

Хановер го доби мечот со 22-29, а меѓу најзаслужните беше токму Македонецот, кој имаше шест гола од осум обиди и неколку одлични асистенции до соиграчите.

Покрај Кузмановски, во дрим-тимот се најде и голманот Мелер од Фленсбург, потоа скандинавските крила Линдберг и Ване, пивотот на Кил, Хенрик Пекелер, како и бековите Јепсон и Кристјансон.

Се вчитува...