Србија славеше над Франција со 27-24 на стартот од квалификациите за ЕП 2022, дуел што се одигра вечерва откако беше одложен поради коронавирус во месец ноември. Шпанскиот стратег Тони Џерона имаше извонредно деби на клупата на српскиот национален тим, наоѓајќи го лекот за големиот фаворит без оглед на бројните проблеми со кои се соочуваше во пресрет на оваа средба.
Имено, Србија настапи сериозно ослабена поради неиграњето на Ненадиќ, Вујин. Илиќ, Зеленовиќ и Милиќ, но и со таков состав „орлите“ успеаја да го земат скалпот на Франција, каде недостигаше единствено повредениот Карабатиќ. Во главна улога беше екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев, кој собра 10 успешни интервенции, а имаше и еден постигнат гол, а Марсениќ и Кукиќ беа најефикасни во нападот со по шест погодоци.
Белорусија лесно и убедливо ја совлада Норвешка со 33-25, но мора да се истакне дека Норвежаните во овие европски квалификации настапуваат со својата Б-селекција, додека А-тимот одделно се подготвува за настап на мундијалот во Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

