Македонскиот интернационалец во дресот на Париз, Ти-Џеј Шортс имаше одлична партија на простувањето од Евролигата. Постигна 29 поени, но тие не беа доволни за домашниот тим да се врати во серијата, и да намали на 2-1. На крајот Фенербахче ќе игра во Абу Даби, откако славеше триумф со 98-88 дури по продолжението, откако регуларниот дел заврши 80-80.
Фенербахче пред крајот на мечот имаше +7, но Париз на крилата на македонскиот репрезентативец успеа да се врати и да се избори за продолжение, но не и за конечен триумф на крајот. Така Фенер со 3-0 се пласираше прв во Ф4.
Во тимот на Фенербахче најефикасен беше Биберовиќ со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

