Во дербито на Премиерлигата, Ливерпул и Арсенал на „Енфилд“ одиграа без победник 1-1. Иако и двата тима имаа шанси, особено Ливерпул кој во вториот дел ја погоди и стативата и пречката, на крајот двете екипи мораа да се задоволат со ремито.
Габриел во 4. минута донесе шок на Енфилд, и предност за Арсенал. Одегард асистираше, а дефанзивецот на „топчиите“ погоди. Во 29. минута од средбата Александар-Арнолд со асистенција до Салах, кој го совлада Раја, и донесе израмнување.
Следуваше бизарната повреда на Цимикас, кој се повреди по дуелот со својот тренер Клоп. Имаше и една спорна ситуација кога Одегард играше со рака, но не беше покажан пенал.
Најдобрата шанса во финишот ја имаше Александар-Арнолд кој во противнапад ја погоди пречката од голот на Арсенал, и така Ливерпул пропушти прилика да ги освои трите бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА