Кошаркарите на МЗТ Скопје го запишаа и вториот пораз во петтиот свој натпревар во АБА 2 лигата оваа сезона. „Металците“ во две различни полувремиња загубија со убедливи 102-74 на гостувањето против Златибор Чајетина.
Феноменален беше македонскиот тим во првото полувреме во кое низ рамноправна игра имаше и можност за предност да замине на паузата. „Металците“ првата четвртија ја загубија со 29-28, но одлично го почнаа вториот период во кој во поголемиот дел имаа водство. Сепак, Златибор во финишот на втората четвртина дојде до предност и на крај замина на паузата со 54-49.
Кога се чинеше дека во сличен ритам ќе се игра и вториот дел од мечот, домашните во третиот период презедоа комплетна контрола над играта, и третата четвртина ја добија со 23-12, што значеше веќе чекор кон победата. Во последната четвртина само рутинска игра на Златибор за на крај убедлив триумф од 102-74.

Најдобар кај МЗТ беше Американецот Гил со 24 поени, Смит Мекевен заврши со 13 поени, а Мек Кејден постигна 10 поени. Кај Златибор се издвои Смилјаниќ со 21 поен, а Јоксимовиќ постигна 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

