Одлично прво полувреме и реми на Холандија и Англија на „Вестфален“ (ВИДЕО)

Холандија и Англија играат нерешено 1-1 на полувреме во второто полуфинале на Европското првенство во Германија кое се игра на „Сигнал идуна“ паркот во Дортмунд.

Двете репрезентации одиграа едно содржајно прво полувреме без калкулирање и со одлична и напаѓачка игра. Холанѓаните стигнаа до водство од 1-0 со феноменалниот погодок на Чави Симонс уште во 7. минута од натпреварот.

Англичаните брзо се вратија во игра откако Хари Кејн во 18. минута од пенал израмни на 1-1.

Netherlands 1 – [1] England – Harry Kane penalty 18'
byu/PSGAcademy insoccer

Во 23. минута Дензел Дамфрис кој го направи пеналот над Кејн успеа да спаси чист погодок откако интервенираше на гол линија. Истиот фудбалер во продолжението ја имаше најубавата шанса за „лалињата“ откако во 30. минута ја погоди пречката на Пикфорд. Статива погоди и Англија, откако само две минути подоцна Фоден биеше одлично но неговиот удар заврши во рамката на голот на Вербруген.

 

Се вчитува...