ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонија по првото полувреме води против Чешка со 13-11 во вториопт натпревар од главната фаза на Европското првенство во Хрватска. Македонските ракометари одново се во победнички ритам, доминираат на терен и имаат целосна контрола на играта и на резултатот.
Одбрана на Борко Ристовски и убав гол на Филип Талески за старт на мечот против Чешка. Капитенот Кире Лазаров кој има повреда на задната ложа, почетокот на натпреварот го проследи од клупата, а на терот го замени младиот Мартин Томовски.
Со Филип Миркуловски на плејмејкерската позиција, борбеноста и мотивираноста на македонскиот состав е на највисоко ниво. А тоа се одразува и на резултатот. По 12 минути игра, Македонија води со 6-2. Шестиот гол за македонската репрезентација го постигна капитенот Кире Лазаров кој влезе во игра да изведе седмерец, погоди и се врати на клупата.
Во наредните минути Чесите успеаја да намалат н два гола негативата, но македонските ракометари ја имаа контролата на играта и диктираа темпо. На средината од полувремето „црвено-жолтите“ имаа водство од 8-5.
Капитенот во за него неприродна позиција на клупата поради повредата, бурно ја проследуваше секоја одбрана и секоја акција на своите колеги па дури доби и жолт картон од судиите по една негова реакција.
Македонските ракометари ја задржаа доминацијата и ја сочуваа предноста до крајот на првиот дел и на одмор одат со водство од 13-11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА