Одлично прво полувреме за младите: Без голови против Холандија на „Петар Милошевски“

Младата репрезентација на Македонија игра уште едно одлично полувреме, согласно посакувањата, овој пат на домашен терен, на стадионот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ против моќната Холандија во квалификациите за ЕП 2025.

По онаа победа над Шведска во Јончепинг, избраниците на Драган Канатларовски играат без голови по првите 45 минути против Холанѓаните во натпревар во кој и двете селекции имаа свои шанси.

Гостите се во постојана иницијатива, со посед на топка, но македонските репрезентативци и тоа како отворено се закануваа преку контранапад иако останаа неискористени неколку можности на Илиевски, Максимов и Николов кои најчесто реализираа успешна транзиција кон голот на „лалињата“.

Најголемата шанса ја имаше Иван Николов во првата минута од судиското продолжение на полувремето, кога по корнерот од левата страна мајсторски шутираше од 16 метри, но топката заврши само сантиметри покрај левиот дирек од голот на Холандија. Во следниот напад и Максимов одлично продре по десната страна, но неговиот центаршут на 6-7 метри пред голот на гостите немаше кој да го испрати, на крај за 0-0 на паузата.

Се вчитува...