Одлично враќање на Трапановски по повредата – Мајсторски соло-продор и асистенција во победата на Данди (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Кристијан Трапановски на најдобар можен начин се врати на терен по паузата поради повредата, асистирајќи во победата на Данди јунајтед над Хиберниан од 3-2 во шкотската Премиерлига.

Трапановски, кој поради повреда ги пропушти и репрезентативните настапи, во игра влезе во 62. минута на дуелот, и потоа беше еден од најважните за доаѓањето до трите бода.

При негатива на својот тим во 93. минута имаше извонреден соло-продор по левата страна и нафрлување пред голот на гостите по кое Стивенсен успеа да донесе израмнување.

Во 98. минута Данди јунајтед постигна уште еден гол и за значајна победа од 3-2.

— dufcway (@dufcway) October 19, 2024

Целиот натпревар како капитен на тимот очекувано го одигра и Давид Бабунски демонстрирајќи квалитетна партија на средината од теренот.

Се вчитува...