Одлично засилување: Али Адем e нов фудбалер на Шкупи

Македонскиот младински репрезентативец Али Адем во следната сезона ќе ги брани боите на Шкупи, потврди актуелниот шампион на Македонија. Адем во Скопје се враќа од редовите на Арис каде замина во 2020 година и се очекува да биде големо засилување за домашната и интернационалната сцена.

Адем потекнува од младинската школа на Вардар, а по реализираниот трансфер во грчкиот клуб ги бранеше боите на Шкупи и Вериа НПС како позајмен играч. Сега 22-годишникот во првиот настап за „сино-белите“ одигра 31 натпревар, а два пати ја затресе мрежата.


 

Се вчитува...