Одложен дуелот меѓу Охрид и Караорман

Натпреварот од 2. коло во Втората фудбалска лига на Македонија меѓу Охрид и Караорман кој треба да се игра утре на „Билјанини извори“ ќе биде одложен.

Оваа информација ја потврдија од струшкиот клуб, без никакво објаснување. Сепак, веројатно сето ова е како би се заштитил теренот на стадионот во Охрид за натпреварот меѓу Струга и Бреидаблик кој ќе се игра во четврток.

 

Се вчитува...