Одложен и мечот помеѓу Металург и Тулуз

Коронавирусот продолжува од одложува дуели во ракометна Европа, а во предвидениот термин нема да се одигра ниту дуелот од седмото коло во Лигата на Европа помеѓу Металург и Тулуз. Пресудно за оваа одлука се новите рестрикции кои Франција ги воведе со што лицата кои доаѓаат надвор од границите на ЕУ мораат да поминат период во карантин при пристигнување.

Новите правила кои што ги воведе Франција се на неодреден период па останува да видиме дали Металург и Тулуз ќе успеат да се договорат за нов термин и кој датум ќе биде тоа.

Пред составот од Автокоманда е гостување против Чеховски Медведи, натпревар кој е закажан за утре со почеток од 18 часот.

 

 

 

 

Се вчитува...