Натпреварот меѓу Хапоел Тел Авив и Париз од 21. коло на Евролигата, е презакажан.
„Натпреварот од 21. коло помеѓу Хапоел Тел Авив и Париз, кој беше закажан за петок, 9 јануари, е одложен и ќе се игра во вторник, 3 март, поради логистички проблеми што влијаеја на екипата на Париз во врска со патувањето од Истанбул до Тел Авив“, кратко објави Евролигата.
Проблемот настана поради фактот што Париз гостува кај Анадолу Ефес во 20. коло, на 7 јануари, и треба да патува директно оттаму до следниот натпревар, во Тел Авив, а нема летови помеѓу овие два града.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

