Првиот натпревар од осминафиналната пресметка од Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи кој требаше да се игра на 13. септември на „Телеком арената“ во Скопје е одложен поради настапот на „вардарци“ во Лигата на Европа, одлучи Натпреварувачката комисија на ФФМ. Вардар на 14. септември го игра првиот натпревар од групната фаза во ЛЕ против Зенит, со почеток од 21:05 часот во Скопје.
Терминот на одигрување на средбата против Шкупи ќе биде дополнително определен.
Останатите седум натпревари од Купот на Македонија ќе се одиграат во предвидениот термин на 13. септември од 15:30 часот. Најинтересната пресметка од осминафиналето во Купот е онаа меѓу Работнички и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА