Натпреварот од 16-тото коло во Ла Лига помеѓу Леванте и Виљареал е одложен за друг датум поради неповолни временски услови.
Натпреварот беше закажан да се одржи на стадионот „Сиудад де Валенсија“ денес и да започне во 18:30 часот по македонско време.
Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF) го објавува одложувањето на натпреварот Леванте – Виљареал поради прогласеното црвено ниво на тревога поради обилните дождови на северниот и јужниот брег на покраината Валенсија.
„Купените билети ќе важат за натпреварот на новиот датум. Правилата за продажба на билети се јасни и не предвидуваат враќање на средствата. Сепак, со оглед на исклучителните околности, доколку не сте во можност да присуствувате на натпреварот на новиот датум, ќе бидат вратени средствата“, се вели во соопштението на Леванте .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

