Дуелот од четвртото коло во ПМФЛ кој требаше да се игра помеѓу Работнички и Шкендија во Скопје во недела, е одложен на барање на тетовскиот тим.
Шкендија побара поради настапите во плеј-офот од Лигата на Европа, и пред се поради долгото патување до Разград. Тетовскиот вчера беше елиминиран од Лудогорец по продолженијата, и сега ја чека ждрепката во Лигата на конференции на УЕФА.
Новиот термин дополнително ќе биде утврден. Претходно Шкендија најави дека нема да бара одложување на мечеви, но поради лошите врски до Разград, мораше да се оди со автобус, па ќе немаше време за подготовка за тој меч, со оглед дека играчите доцна вечерва ќе пристигнат во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

