Одложен мечот Тотенхем – Рен од Лигата на конференции

Натпреварот меѓу Тотенхем и Рен од последното коло во групата Г од Лигата на конференции на УЕФА дефинитивно нема да се игра утре, беше одлучено по бројните случаи на коронавирус во редовите на лондонскиот клуб.

Антонио Конте на денешната прес-конференција обелодени дека најновите тестирања покажале нови позитивни случаи на Covid-19, по што тој на денешниот тренинг имал само десет сениорски играчи на располагање. УЕФА долго тактизираше со одлуката, за вечерва да биде објавено дека натпреварот дефинитивно е одложен, а новиот термин ќе биде дополнително објавен.

За очекување е да биде одложен и наредниот премиерлигашки дуел на Тотенхем, против екипата на Брајтон, откако британските здравствени власти му наложиле на лондонскиот клуб да го затвори тренинг-центарот во наредните денови.

Се вчитува...