Одложен е натпреварот меѓу Италија и Македонија кој требаше да започне од 15 часот во Талин во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Според последните информации од Талин, поради позитивниот тест на Ковид-19 кај повеќе кошаркари од неколку селекции во „балонот“ во Талин, одлучено е да се одложи натпреварот меѓи Италија и Македонија.
Македонските репрезентативци, на само еден час пред почеток на дуелот, се уште се во хотелот во очекување и на официјалната одлука иако веќе е извесено дека натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА