Одложен натпреварот Атлетико Мадрид – Севилја

Натпреварот од четвртото коло во шпанската Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Севилја што требаше да се игра денеска со почеток во 18.30 часот е одложен.

Оваа одлука ја донесоа челниците на Ла Лига на сугестија на Метеоролошкиот Завод, по најавите за страшно навреме во Мадрид во попладневните часови. За шпанскиот главен град е најавен „црвен аларм“ за попладнево, веќе почна да паѓа пороен дожд, а најавени се и зачестени грмотевици.

Фудбалерите на Севилја веќе пристигнаа во Мадрид, но по консултациите на луѓето од федерацијата со претставниците на двата клуба беше донесена одлука мечот да биде одложен, а новиот термин да биде дополнително утврден.

Се вчитува...