Натпреварот од Евролигата меѓу Париз и Фенербахче од 17. коло и официјално е одложен. Натпреварот требаше да се одигра вечерва од 20.30 часот, но е одложен поради болест на голем број играчи на Париз.
По тој повод, Евролигата излезе со кратко соопштение:
„Натпреварот од 17. коло во Евролигата меѓу Париз и Фенербахче, кој беше закажан за 19 декември, е одложен поради неможноста на парискиот тим да обезбеди најмалку осум играчи подготвени за настап поради болест. Евролигата ќе разговара со екипите за нов термин за одигрување на овој дуел. Дополнителни информации ќе бидат објавени и потврдени во следните денови“, се вели во соопштението на Евролигата.
Ти Џеј Шортс го пропушти мечот против Реал поради вирус, а се чини дека сега во неволја се и неговите соиграчи, па Тијаго Сплитер нема доволно кошаркари на располагање.
И Париз и Фенербахче ги загубија претходните натпревари. Парижаните беа поразени на домашен терен од Реал, додека Барселона го декласираше Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА