Натпреварот во женската АБА лига помеѓу актуелниот шампион на Македонија, Баскет КАМ и претставникот од Босна од Херцеговина, Орлови е одложен поради позитивни случаи на коронавирус во македонскиот тим, потврди раководството на регионалното првенство.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и останатите кошаркарки од тимот со што ќе биде и познато дали има и други случаи, кои би значеле и одложување на почетокот на домашното првенство за тимот од Македонска Каменица.
„Во ВАБА лигата 2021/22 пред почетокот на 2. коло се јави и првиот позитивен случај на коронавирус поради кој е одложен натпреварот помеѓу Баскет КАМ и Орлови“, стои во соопштението на лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА