Одложен натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи

Кошаркарскиот натпревар од 15. коло во Првата кошаркарска лига помеѓу Вардар и Шкупи официјално е одложен за утре поради неприфатливи услови во малата сала при СРЦ „Кале“.

Причината за одложувањето е неисполнување на условите поврзани со записничката маса која треба да биде на растојание од два метра од теренот. Тоа не е случајот во оваа сала па и покрај тоа што досега се играа натпреварите, денешниот дуел помеѓу скопските тимови беше одложен.

Истиот ќе биде одигран утре во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Се вчитува...