Поради лошото време кое што синоќа го зафати австрискиот ски-центар Зелден од Меѓународната скијачка федерација (ФИС) се одлучија да го откажат женскиот велеслалом со кој требаше да стартува новата сезона во Светскиот куп.
Велеслаломот во женска конкуренција кој на програмата требаше да биде утрово е откажан, а се очекува да се види какви ќе бидат временскиот услови и дали ќе се одржи машкиот велеслалом кој на програмата е утре.
Доколку сезоната не стартува во Зелден, најдобрите алпски скијачи во светот ќе го имаат своето деби на 5. ноември во швајцарскиот Цермат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА