Одложен стартот на трката во Белгија: Големи се шансите денеска да не се вози на Спа

Новата трка во Формула 1 за Големата награда на Белгија требаше да започне точно во 15 часот, но на познатата патека „Спа-Франкошамп“ сè уште нема жестока борба за нови бодови за возачите и конструкторите, во генералниот пласман.

Причината е обилниот дожд, односно премногу вода на патеката. Патеката не е доволно безбедна за натпреварување.

Доколку црвеното знаме се спушти и возачите се симнат од боксот, Ландо Норис и Оскар Пјастри ќе стартуваат од првите позиции, по нив Шарл Леклер од Ферари. Актуелниот шампион од Ред Бул, Макс Ферстапен, победник на спринт трката, би стартувал од четвртата позиција. Сето тоа под услов обилните дождови да престанат и да се даде дозвола за трката, нешто што најверојатно нема да се случи.

Се вчитува...