Европската ракометна федерација го одложи мечот од Лигата на Европа меѓу Металург и АОН Фајверс од Австрија. Натпреварот е одложен бидејќи во австрискиот тим се појавил позитивен корона случај, по што целиот тим бил испратен во задолжителна самоизолација.
Од ЕХФ ќе го сменат распоредот и ќе најдат нов термин за овој меч. Металург годинава во Лигата на Европа одигра само два натпревари на кои забележа два порази од Тулуз и Адемар Леон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА