Завршниот турнир од СЕХА – лигата, кој требаше да се одржи од 3 до 5 април во хрватскиот Задар, е одложен, објави раководството на регионалното ракометно натпреварување.
Сигурни учесници на завршниот турнир се Загреб и Мешков Брест, додека Вардар и Веспрем имаат предност по првите мечеви против Нексе односно Војводина. Дополнително ќе се утврдува кога и каде би се играл завршниот турнир откако ќе се надмине глобалниот проблем со коронавирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА