Борбата во тешка категорија меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол е одложена за крајот на оваа година поради здравствени проблеми на Тајсон, поточно чир што го спречува да се подготви.
Проблемите настанале во авионот кога 30 минути пред да слета од Мајами во Лос Анџелес, почувствувал мачнина и вртоглавица. Љубителите на боксот и на имиџот и делата на легендарниот шампион, во најголем дел, не сакаат ни да го гледаат 58-годишниот Тајсон против 30-годишниот јутјубер кој со текот на годините е се подобар и подобар како боксер.
„Моето тело е во подобра состојба отколку што беше од деведесеттите и наскоро ќе се вратам на целосните тренинзи. Џејк Пол, ова можеби ти купи малку време, но на крајот сепак ќе те нокаутирам и засекогаш ќе те исфрлам од рингот. Го ценам трпението на сите, едвај чекам да ве почестам со незаборавен настап подоцна оваа година“, изјави Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА