Милан ја исполнува желбата на Златан Ибрахимоиќ да игра и следната сезона, па веќе „росонерите“ започнале преговoри со Швеѓанецот за продолжување на соработката. Иако има 40 години Ибрахимовиќ не размислува за пензија, особено ако Шведска се пласира на Светското првенство, бидејќи негова желба е да игра во Катар.
Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг.
Малдини му дал одврзани раце на Ибра сам да одлучи дали сака да продолжи уште една сезона, а голгетерот му соопштил дека платата нема да биде никаков проблем. Италијанските медиуми денес ги објавија деталите, па Ибра следната сезона ќе заработува 2 милиони евра плус бонуси. Воедно, во понудата ќе биде наведено и дека Златан има отворени врати да остане како директор во клубот.
Milan, Ibrahimovic e il rinnovo: 2 milioni e bonus presenze, poi il passaggio in dirigenza https://t.co/2veqoz4Vvu
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) March 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА