Првата трка од Големата награда на Казахстан во Мото ГП шампионатот нема да се одржи според планираното во средината на јуни, туку ќе биде преместена за подоцнежен датум. Како причина се наведуваат поплавите во централна Азија, кои доведоа до вонредна состојба во Казахстан и раселување на голем дел од населението.
Казахстан првично требаше да дебитира на календарот минатата година, но трката беше откажана поради проблеми со патеката – не само затоа што не беше целосно подготвена, туку и поради спор околу тоа кој ја поседуваше.
Во меѓувреме се чинеше дека ситуацијата е решена и организаторите на трката на патеката „Сокол“ дури ангажираа колеги од Малезија да им помогнат во се што е поврзано со организацијата на трката. Сепак, невидените временски услови во тој дел од земјата го оневозможија организирањето на трката следниот месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА