Одложени и сите натпревари од 21. коло во Првата кошаркарска лига

Поради деновите на жалост, по ужасната трагедија во Кочани која ја потресе Македонија, и престојниов викенд нема да има спортски активности во Македонија.

Од КФСМ информираат дека за престојниов викенд одложени се и сите натпревари од 21. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Натпреварите од ова коло се одложени за една недела, додека од понеделник до среда ќе се одиграат средбите Работнички – Куманово и Вардар – Тиквеш, дуели кои требаше да се одиграат на денот на големата трагедија.

Одложувањето и начинот на одигрување на натпреварите кои не се играа во недела ќе важи и за сите останати младински лиги.

Се вчитува...