Натпреварите од квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нации се одложени од септември годинава за март следната година, пренесува „Франс-прес“.
Ова одложување овозможува петте африкански репрезентации кои се пласираа на Светското првенство во Катар да одиграат повеќе подготвителни мечеви.
Африканската фудбалска федерација претходно го одложи и одржувањето на завршниот турнир наместо летото 2023, во зимата 2024 година, а турнирот ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска.
Африка на Светското првенство кое ќе се одржи во периодот од 21. ноември до 18. декември ќе ја претставуваат Сенегал, Камерун, Гана, Тунис и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

