Сите натпревари од младинските лиги во кошарка што требаше да се играат во наредниот период се одложени, информираат од „куќата на кошарката“.
Поради влошената здравствена ситуација на територијата на целата држава, предизвикана од епидемијата на корона вирусот, и препораките добиени од страна на Институтот за јавно здравје, раководството на федерацијата донесе одлука за прекин на сите активности во Младинските лиги.
„Согласно со тоа, се одложуваат сите натпревари кои беа опфатени со последното делегирање, а кои поради актуелната ситуација досега не беа одиграни. Одложувањето на натпреварите во Младинските лиги ќе трае до 20. април, 2021 година“, информираат од КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА