Поради коронавирусот кој веќе се шири и во Јужна Кореја организаторите одлучија да го откажат екипното Светско првенство во пинг-понг да го одложат за периодот од 21. до 28. јуни годинава. Првобоитно тоа требаше да се одржи од 22. до 29. март, но поради епидемијата од коронавирус тоа ќе биде одложено за неколку месеци.
Ситуацијата во Пушан, градот во кој требаше да се одржи првенството ќе се прати во текот на овие месец од страна на раководството на Меѓународната пинг-понг федерација и локалната власт. Тие се сигурни дека првенството без поголеми проблеми ќе се одржи во јуни месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

