Европското првенство во ватерполо, кое требаше да се одржи во Израел во јануари 2024 година, е одложено, соопшти Европската организација за водни спортови.
Причината за оваа одлука е воениот конфликт меѓу Израел и Хамас, што значи дека во моментов во оваа земја не е безбедно да се одржуваат големи спортски натпреварувања како Европското првенство во ватерполо.
„По неодамнешните терористички напади врз Израел и по опсежните состаноци меѓу европските спортисти и Израелската ватерполо федерација, двете институции се согласија дека ќе биде невозможно да се организира Европското првенство во ватерполо во Нетања, Израел, како што е планирано во јануари 2024 година. Во моментов истражуваме различни опции поврзани со квалификацискиот процес за следното Светско првенство во ватерполо што ќе се одржи во февруари во Доха. Европската пливачка федерација би сакала да ја искористи оваа прилика уште еднаш најостро да ги осудат одговорните за терористичките злосторства врз израелските граѓани и им ја изразуваме нашата поддршка и сочувство во овој тежок момент“, се вели во соопштението.
Aктуелен европски шампион е репрезентацијата на Хрватска која стигна до златото на домашен терен во Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА