Одложено француското дерби Олимпик Марсеј – ПСЖ!

Големото дерби на францускиот фудбал меѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ нема да се одигра како што беше предвидено вечерва, откако француските власти решија да го одложат мечот.

Причина – големото невреме што е најавено за вечерва во реонот на Марсеј, поради што се стравува за сигурноста на над 60.000 навивачи кои планираа да го исполнат „Велодром“ до последното место.

Целиот регион „ Bouches-du-Rhône“ се наоѓа во портокалова фаза на опасност, со најави за голем дожд, поплави и грмотевици во текот на ноќта. Поради ова, натпреварот Марсеј – ПСЖ нема да се игра денеска, објавија локалните власти.

Неофицијално, дербито во Марсеј ќе биде презакажано за утревечер, но оваа информација би требало да биде потврдена во текот на денешниот ден.

Се вчитува...