Одложено градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул!

Новата премиерлигашка рунда во Англија требаше да биде стартувана со градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул закажано за 13.30 часот, но тој натпревар сепак нема да биде одигран денеска.

Премиер-лигата утрово објави дека мечот е одложен поради големите проблеми што ги создава бурата „Дараг“ во овој дел од земјата, па по поројните дождови и силниот ветер во последните десетина часа беше донесена одлука дуелот да биде презакажан за нов датум што дополнително ќе биде објавен.

 

Се вчитува...