Одложувањето на Олимписките игри донесе „мега“ трошоци за организаторите

Олимписките игри во Токио, кои организаторите ги одложија за следното лето, поради пандемија на коронавирус, официјално ќе чинат повеќе од 2,1 милијарди евра, соопштија организаторите.

Според организацискиот комитет, ова големо зголемување на финансирањето се припишува на оперативните трошоци поврзани со доцнењето и пролонгирањето на Олимписките игри, но и на крајно строгите безбедносни мерки против коронавирусот. Сепак, трошоците веројатно ќе се зголемат дополнително, бидејќи организаторите веќе најавија дека ќе ослободат дополнителни над 200 милиони евра средства наменети за „итни случаи“. Дополнителните трошоци ќе ги понесат јапонската влада, градот Токио и организаторите.

Последниот официјален буџет даден од Организациониот одбор во декември 2019 година, неколку месеци пред одложувањето на Игрите, беше 10,4 милијарди евра. Олимписките игри ќе се одржат според новиот распоред од 23 јули до 8 август 2021 година, а Параолимписките игри од 24 август до 5 септември.

Се вчитува...