Одлуката е донесена: Познато е колку гледачи ќе можат да ги проследат Олимписките игри од трибини

Организаторите на Олимписките игри објавија дека го ограничиле бројот на гледачи на 10 000 за секој настан што ќе се одржи на Игрите во Токио. По разговорите меѓу организаторите на Игрите, јапонската влада и главниот град Токио, како и меѓународните олимписки и параолимписки комитет, донесена е одлука за ограничување на бројот на навивачи.

Според изјавата пренесена од „Ројтерс“, ограничувањето на публиката на Игрите, кои треба да започнат на 23 јули, ќе биде на 50 проценти од капацитетот, односно до максимум 10 000 гледачи.

Претходно, премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, објави дека не ја исклучува можноста Игрите да се одржат во Токио без гледачи, доколку главниот град на Јапонија се наоѓа во вонредна состојба поради „Ковида-19“.

Премиерот Суга ја укина вонредната состојба во Токио минатата недела, но ја задржа таканаречената „квази-состојба на вонредна состојба“ со придружни ограничувачки мерки до 11 јули. Јапонската јавност продолжува да се спротивставува на Игрите ова лето, а истражувањето на јавното мислење спроведено од „Асахи Њуз мрежата“ (АНН) од 19 до 20 јуни покажа дека 65 проценти од испитаниците сакаат настанот да се одложи или повторно да се откаже.

Се вчитува...