Организаторите на Летните олимписки игри во Токио имаат уште многу неразрешени дилеми воочи почетокот на најголемата смотра на светскиот спорт. Една од дилемите кои се уште не е решена е тоа дали ќе биде дозволено навивачите од странство да присуствуваат на игрите во Токио, поради пандемијата од коронавирусот.
„Организиравме програма за продавање на карти. Логистички сме подготвени. Меѓутоа, мораме да видиме каква ќе биде ситуацијата што се однесува до вирусот. Постојат и имиграциски правила. Очекувам дека се ќе биде познато на крајот на април или почетокот на мај“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах.
До почетокот на игрите останува уште нешто помалку од пет месеци, а последните истражувања покажуваат дека 80 отсто од жителите на Јапонија се против одржување на игрите во нивната земја. ЛОИ во Токио се закажани за периодот од 23. јули до 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА