Флоријан Вирц беше „трансферот од соништата“ на Баерн Минхен за овој преоден рок, па разбирливо е разочарувањето во таборот на баварскиот гигант откако германскиот суперталент наместо да замине во таборот на германскиот првак реши да се пресели во Англија и да го облече дресот на Ливерпул.
Баварците во меѓувреме останаа и без Сане, преговорите за Нико Вилијамс не вродија со плод, но клупските директори се решени дополнително да ја засилат офанзивната линија. И решија да тргнат во офанзива по двајца фудбалери на Ливерпул, и тоа Коди Гакпо и Луис Дијаз.
Двајцата врвни напаѓачи имаат по две години од актуелните договори со Ливерпул и „црвените“ не брзаат со нивна продажба, така што Баерн ќе мора да плати богатство ако сака да ги ангажира. Неофицијално, цената за Луис Дијаз изнесува над 80 милиони евра, додека кај Гакпо е проценет на околу 60 милиони евра, па ќе биде интересно дали Баерн ќе согласи да плати околу 150 милиони евра за овој тандем, или можеби ќе тргне по еден од овие двајца врвни фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

