Женското финале на УС Опен меѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака, кое го доби Јапонката, беше одбележано и од караницата на Серена со судијата Алберт Рамос кого го нарече лопов за што доби казна од еден гем кој на крајот ја чинеше меч и титула.
Се почна на почетокот од вториот сет. Серена водеше со 1-0 па во еден момент судијата ја опомена Серена за „коучинг“ со оглед на гестикулациите на нејзиниот тренер Патрик Муратоглу.
Иако и тој и Серена тврдат дека не било во прашање „коучинг“ туку само гестикулации за поддршка, судијата тоа го протолкува како шифриран совет. Серена се изнервира и веќе во следниот гем направи двојна грешка на брејк-топка па од лутина го разби и рекетот. Како што налагаат правилата, такво однесување се казнува. Бидејќи веќе имаше опомена остана и без поен. Па, после тоа искусната Американка веќе не можеше да се смири…
„Никогаш никого не сум измамила. Имам и ќерка, се борам и за нејзините права. Ми должите извинување“ – му се обрати Серена на судијата.
„Кажете дека ми украдовте поен, кажете го тоа. Извинете ми се. Вие сте обичен лопов“ – викаше Американката, и на крајот остана и без гем и без меч.
Screaming at the chair, Serena Williams is really a role model… pic.twitter.com/ukfazonv8N
— Tara (@tarandrews) September 9, 2018
Нешто по финалето, Серена се огласи и пред јавноста истакнувајќи…
„Се борам за женските права и за женска рамноправност. Ќе продолжам да се борам за да имам еднакви права. Ниту Корнет не заслужи казна кога ја соблече маичката. Ова е неверојатно“.
I love what Serena did right here! A mom, a queen, a COMPETITOR, and the greatest tennis player ever ?? tell em @serenawilliams !!! pic.twitter.com/QEMDCBnyvh
— Zay ?? (@zayyhendrixx) September 9, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА