Македонската репрезентација денеска го одработи последниот тренинг во Скопје пред заминувањето за Букурешт на ЕВРО 2020 кое е планирано за вторник во утринските часови.
Репрезентативците утре ќе имаат слободен ден, а во вторник со чартер-лет се заминува за Букурешт каде ќе течат финалните подготовки пред мечот со Австрија на 13. јуни на националната арена во главниот град на Романија.
На денешниот тренинг активно се вклучи и Енис Барди, по вчерашниот негативен тест на Ковид-19.
Македонија комплетна заминува на Европското првенство со отворени амбиции да се мине групната фаза од шампионатот, во групата во која сме заедно со Австрија, Украина и Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА