Одреден датумот на кој ќе се одигра одложениот меч меѓу Париз и Фенербахче

Евролигата го одреди новиот термин за одложениот натпревар меѓу Париз и Фенербахче.

Дуелот меѓу Париз и Фенербахче, кој требаше да се одигра на 19. декември, беше одложен на самиот ден поради болест на голем број париски играчи. Како што тогаш објави Евролигата, Париз немал девет здрави играчи на располагање, што е минимум потребен за играње на натпреварот.

„По одложувањето на натпреварот од 17. коло помеѓу Париз и Фенербахче, натпреварот е закажан за понеделник, 3 март 2025 година“, стои во многу кусото соопштение од Евролигата.

Се вчитува...